• Саше Љолес
Екипата на Монако го постигна првиот погодок од вечерната програма од плеј-офот во Лигата на шампионите.
Во француското соочување за осминафинале тимот од Кнежевството го шокираше големиот фаворит и актуелен европски шампион ПСЖ и тоа со гол постигнат во ПРВАТА минута.
Одбраната на парижани „заспа“ и остави двајца фудбалери на домаќинот буквално сами, а на асистенцијата на Головин топката во мрежата ја смести Балогун. За репрезентативецот на САД ова е четврти погодок во ЛШ оваа сезона, во својот деветти настап.








