Одбраната доби уште еден член, Гостивар го претстави и Константин Чешмеџиев

Управата на прволигашот Гостивар очигледно нема намера да запре со летните трансфери и објави нова аквизиција која ќе го пополни ростерот за следната сезона. 

Откако претходно беа потпишани договори со Мевљан Мурати и Дарко Глишиќ, гостиварчани се пофалија и со трансферот на Костадин Чешмеџиев, кој се враќа во Македонија после една полусезона во саудискиот второлигаш, Хајер. 

Гостивар уште еднаш покажа дека сериозно ја засилува одбраната, а искусниот 28-годишен стопер се очекува да прикаже одлични игри во новиот дрес. Минатата сезона тимот заврши како шестопласиран на табелата, но амбициите за следната година се очигледно многу повисоки.