• Зоран Мишевски

Бунтот во Белорусија се рашири и во фудбалот. Најталентираниот млад белоруски фудбалер и најдобар стрелец на лигата минатата сезона објави дека нема да игра за репрезентацијата додека е на власт Александар Лукашенко.
„Одбивам да ја претставувам земјата во националниот тим додека е на власт режимот на Лукашенко. Да живее Белорусија“, објави Илија Шкурин на социјалните медиуми.
Шкурин има само 20 години, минатата сезона играше за Енергетик од Минск, а во јануари се пресели во ЦСКА од Москва.