Одбиена жалбата на Симеоне, Бургос ќе ја води екипата во финалето во Лион

Судот за спортска арбитража ТАС, ја одби жалбата на Атлетико Мадрид за црвениот картон на тренерот Диего Пабло Симеоне добиен на првиот полуфинален натпревар од Лига Европа во Лондон против Арсенал. Аргентинецот со серија на пвоцки протестираше против судијата Турпан, кој уште во раната фаза го исклучи Врсаљко заради два жолти картони.

УЕФА го казни Симеоне со четири натпревари суспензија, па следеше жалба, која од сите истанци е одбиена и дефинитивно помошникот на Симеоне, Герман Бургос ќе ја води екипата вечерва во финалето на Лига Европа во Лион против Олимпик Марсеј.

И во случај Атлетико Мадрид да победи, Симеоне нема да седи на клупата на „јорганџиите“ на Суперкупот на Европа во август во Талин. Аргентинецот денес ќе биде стациониран во една од клупските ложи веднаш до новинарскиот простор на трибината. Забранет му е било каков контакт со екипата за време на натпреварот или на полувремето.