Одбиена оставката, Просинечки останува селектор на БиХ

Селекторот на босанската репрезентација, легендарниот Роберт Просинечки ќе остане селектор до крајот на квалификациите за Европското првенство 2020 година. Хрватот си поднесе оставка во неделата по катастрофалниот пораз на селекцијата на БиХ во Ереван со 4-2.

Сепак, денес Извршниот одбор на Фудбалската федерација на БиХ ја одби неговата оставка.

„Морално е тоа што поднесов оставка, но по поддршката која ја добив, одлучив да го завршам овој квалификациски циклус. Се обидувам да останам на своите одлуки кога ќе ги донесам, но поради луѓето од Сојузот, решив да останам. Имаме шанси за пласман на Европско првенство и преку квалификациите и преку Лигата на нации“, рече Просинечки.

Следниот месец БиХ на домашен терен ја пречекува Финска, а потоа гостува во Грција.