• Горан Упале
Најдобриот стрелец во Првата македонска фудбалска лига за минатата сезона, Алекса Марушиќ, нема повеќе да го носи дресот на Воска Спорт, бидејќи направи трансфер во Германија.
Црногорецот дојде во македонскиот тим минатото лето и беше вистински хит на сезоната. Се наметна брзо кај стручниот штаб на Воска Спорт, а сезоната ја заврши на лидерското место кај стрелците во ПМФЛ со седумнаесет погодоци.
Неговите одлични партии во ПМФЛ му обезбедија трансфер во втората германска лига. Негов нов клуб ќе биде Магдебург, од каде не го кријат задоволството што тимот го засилија со квалитетен напаѓач.
Марушиќ своевремено беше дел од У21 репрезентацијата на Црна Гора, но сè уште нема деби во најдорбата селекција, предводена од Роберт Просинечки.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.