Од светски шампион и ас на Сити до трансфер во Цирих

Швајцарски Цирих договори големо засилување во зимскиот преоден рок, откако го договори потписот со искусниот Бенџамин Менди.

Поранешниот ас на Манчестер Сити беше претставен во Цирих, со кого потпиша договор до летото 2026 година. Искусниот лев бек изминатата година ипол ја мина во Лориен каде што пристигна по турбулентен период во Манчестер.

За време на неговиот престој на „Итихад“, Менди беше обвинет за силување, поради што беше исфрлен од тимот, а по ослободувањето, англискиот клуб мораше да му плати компензација од повеќе милиони фунти поради отстранувањето од тимот.

Францускиот дефанзивец со „триколорите“ го освои Светското првенство во Русија во 2018 година. Пред да му се приклучи на Сити во летото 2017 година, тој играше за Монако, Олимпик Марсеј и Авр.