• Горан Упале

Второлигашот Новаци останува активен на трансфер-пазарот оваа лето, а најново засилување е Јусуф Каба, кој пристигнува од редовите на Струга Трим Лум.
Дваесет и двегодишниот играч за врска минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Шкендија Арачиново, каде што беше еден од поважните играчи во тимот. По завршувањето на сезоната се врати во Струга, но не остана долго во редовите на прволигашот и сега кариерата ќе ја продолжи во дресот на Новаци.
Каба е член на Струга од 2023 година, но не доби поголема шанса во првиот тим. За стружани запиша пет настапи во Првата македонска лига, а во меѓувреме беше испраќан на позајмици во Караорман, Победа и Шкендија Арачиново.
Со неговото ангажирање, Новаци добива млад фудбалер со прволигашко искуство, кој ќе претставува значајно засилување во средниот ред за претстојните предизвици во Втората македонска лига.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
