• Иван Димовски
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија трофејот во ФА Купот, откако во финалето на „Вембли“ го победија од градскиот ривал Манчестер Сити со 1-2. Стрелци за „ѓаволите“ беа Гарначо и Маино во првиот дел, а во финишот „граѓаните“ успеаја да дадат гол преку Доку.
Сепак, Пеп Гвардиола и играчите на Сити беа незадоволни и бараа најстрога казна поради еден спорен момент. Младиот Коби Маино по еден корнер со раце го турна Ерлинг Халанд кој беше во обид за удар. Норвежанецот драматично падна, меѓутоа судиите и ВАР собата не досудија пенал.
Поради тоа се крена тензијата, Пеп бараше објаснувања од арбитрите и посочуваше дека негеовиот тим е оштетен.