ФОТО: Од Шведска, до елитата – билетите од историската сезона на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар ќе остане запаметен како единствен наш тим кој играл во групите во едно од натпреварувањата на УЕФА. „Црвено-црните“ во сезоната 2017/18 успеаа во нешто што делуваше невозможно и се пласираа во групите на Лига Европа, а дали знаете како изгледа „златното парче хартија“, односно билетите од сите натпревари?

Европскиот пат на Вардар почна од Шведска, каде се играше првиот натпревар против Малме. Истиот заврши без победник (1-1), па следеше реванш во Струмица кој Вардар го доби со 3-1 и мина во третиот квалификациски круг.

Таму несреќно беше елиминиран од Копенхаген, иако имаше активен резултат 70 минути од реваншот. Во плејофот за ЛЕ падна големиот Фенербахче и тоа со две победи и во Скопје и во Истанбул, а во групите следеа моќни ривали, како Реал Сосиедад, Зенит и Розенборг и се освои еден бод.

  • Резултатите во историската сезона на Вардар:

12 јули, 2017 - Малме - Вардар 1-1 (втора квал. рунда ЛШ)
18 јули, 2017 - Вардар - Малме 3-1 (втора квал. рунда ЛШ)
25 јули, 2017 - Вардар - Копенхаген 1-0 (трета квал. рунда ЛШ)
2 август, 2017 - Копенхаген - Вардар 4-1 (трета квал. рунда ЛШ)
17 август, 2017 - Вардар - Фенербахче 2-0 (плејоф, ЛЕ)
24 август, 2017 - Фенербахче - Вардар 1-2 (плејоф, ЛЕ)

14 септември, 2017 - Вардар - Зенит 0-5 (1. коло ЛЕ)
28 септември, 2017 - Розенборг - Вардар 3-1 (2. коло ЛЕ)
19 октомври, 2017 - Вардар - Реал Сосиедад -6 (3. коло ЛЕ)
2 ноември, 2017 - Реал Сосиедад - Вардар 3-0 (4. коло ЛЕ)
23 ноември, 2017 - Зенит - Вардар 2-1 (5. коло ЛЕ)
7 декември, 2017 - Вардар - Розенборг 1-1 (6. коло ЛЕ)

Како изгледаа билетите од натпреварите, погледнете во продолжение...