Од Шкупи бесни за пеналот на Струга со Воска: „Што ако вака ја загубиме титулата?“

Заостанатиот натпревар од 15. коло во ПМФЛ меѓу Струга Трим Љум и Воска Спорт понуди многу полемики. Шампионот победи со спорен пенал во завршницата од натпреварот, а за тоа се лути навивачите на Воска Спорт, меѓутоа и на Шкупи

Чаирчани, кои досега беа лидер во првенството, преку официјално соопштение се пожалија за одлуката да се досуди одлучувачкиот пенал во Струга. Тие посочуваат дека стружани имале голема помош од судиите и повикаа на одговорност. 

„Срам за судијата!

Треба да се засрамите за оваа победа, а и трофејот го освоивте на овој начин. Ваквите победи се срамни за екипите. Што ќе биде ако Воска Спорт испадне во Втората лига со овој загубен бод, ако ние останеме без титула поради оваа одлука? Кој ќе биде одговорен?

Овој судија е срам за сите арбитри во мак-фудбалот. Поради таквата арбитража, репутацијата на фудбалот во земјава е оштетен. Полицијата ќе го разгледа овој натпревар, а исто и обвинителството. 

Прашање е зошто судијата беше променет пред натпреварот? Зошто имаше судиско продолжение од десет минути? Зошто судијата досуди пенал во последната минута? Го повтори истото што ни го направи нам минатата сезона. Одлуките на овој судија во натпреварите на Струга Трим Љум треба да се разгледаат. Неговите одлуки се срамни. Таков човек не треба да биде судија. Ги повикуваме надлежните да го разгледаат случајот“, стои во соопштението од водечките лица на Шкупи. 

Исто така, Шкупи запраша зошто судијата Игор Стојчевски беше заменет и наместо Стојан Трпчевски беше делегиран за натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Воска Спорт. Тие посочуваат дека во неколку наврати му помогнаа на тимот од Струга.