• Редакција Gol.mk
Полеимики по уште едно дерби во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Скопскиот дуел меѓу Вардар и Шкупи им припадна на домаќините со 3-2, а веднаш по натпреварот со соопштение се огласи чаирчскиот клуб.
Шкупи реагираше и пред натпреварот за изборот на Игор Стојчевски за главен судија, а сега само потврди дека челниците на клубот немаат високо мислење за интернационалниот судија.
„Предупредувавме не беше доволно и се случи тоа што го најавувавме. Судијата Игор Стојчевски си ја заврши работата. Уште вчера предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офасајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре во посебно соопштението“, велат од Шкупи.
Моментот за кој протестираат чаирчани е ситуацијата во 83. минута, кога Ќосиќ додаде со глава, а Мицевски со нога ја втурна топката во мрежата на Денковски. Позицијата во која беше капитенот на Вардар при постигнувањето на голот е крајно дискутабилна.
Шкупи за првпат загуби натпревар против Вардар од септември 2019 година.