Од Шкендија до Шкендија: Заврши импресивната низа без пораз на Вардар!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, ја заврши импресивната серија без пораз во сите домашни конкуренции - првенството и Купот на Македонија. 

Под водство на Гоце Седлоски, тимот не знаеше за пораз повеќе од една година, но сега конечно загуби, и тоа од најголемиот ривал во првенството - тетовска Шкендија. Интересно е тоа што токму истиот ривал му го нанесе последниот пораз на Вардар, а тој натпревар се одигра на 16 февруари 2025 година, кога тетовчани победија со конечни 1-2. 

  • Листата на мечеви на Вардар без пораз:

Сезона 2024/25:
22.02: Струга - Вардар 0-2
26.02: Вардар - Силекс 1-0 (Куп)
01.03: Вардар - Беса 0-0
05.03: Работнички - Вардар 0-2
09.03: Силекс - Вардар 1-1
14.03: Вардар - Шкендија 1-1
29.03: Пелистер - Вардар 1-3
06.04: Брера - Вардар 0-2
09.04: Вардар - Брера 3-0 (Куп)
13.04: Вардар - Тиквеш 2-2
19.04: Воска - Вардар 0-3
23.04: Брера - Вардар 1-1 (Куп)
26.04: Вардар - Беса 3-1
03.05: Шкупи - Вардар 0-2
06.05: Вардар - Струга 0-0
11.05: Работнички - Вардар 0-1
18.05: Вардар - Гостивар 3-0
21.05: Вардар - Струга 2-0 (Куп)

Сезона 2025/26:
08.08: Вардар - Пелистер 4-1
15.08: Тиквеш - Вардар 1-2
22.08: Вардар - Брера 2-2
29.08: Шкупи - Вардар 2-4
12.09: Вардар - Македонија ЃП 1-0
18.09: Арсими - Вардар 1-4
21.09: Вардар - Работнички 3-1
29.09: Башкими - Вардар 0-0
05.10: Вардар - Струга 2-2
22.10: Вардар - Новаци 3-1 (Куп)
27.10: Шкендија - Вардар 0-1
31.10: Вардар - Силекс 2-1
05.11: Пелистер - Вардар 1-2
09.11: Вардар - Тиквеш 3-1
22.11: Брера - Вардар 0-2
30.11: Вардар - Шкупи 6-1
05.12: Македонија ЃП - Вардар 1-2
11.02: Вардар - Арсими 5-1
15.02: Работнички - Вардар 0-3
21.02: Вардар - Башкими 1-0
28.02: Струга Трим Лум - Вардар 1-1

Со минималниот триумф во Скопје, Шкендија стави крај на долгата низа од дури 39 мечеви без пораз на вардарци, кои сега имаат само бод позитива во однос на тетовскиот прволигаш. 

Шкендија ја направи трката за шампионската титула уште поинтересна, па затоа очекуваме огромна битка за врвот до крајот на шампионатот.