• Горан Упале
Дени Дринквотер беше дел од тимот на Лестер Сити кој го шокираше фудбалскиот свет со освојувањето на Премиер лигата во сезоната 2015/16. По освојувањето на титулата, тој се проби во англиската репрезентација, а нешто подоцна направи трансфер вреден 38 милиони евра во Челзи. Денес работи на градилиште.
По бајката со Лестер, падот на Дринквотер започна со преселба на „Стемфорд Бриџ“, каде не успеа да избори место во тимот. Повредите почнаа да му прават големи проблеми, по што следеа позајмици и крај на неговата кариера во 2022 година. Во меѓувреме, тој имаше проблеми и со законот.
Заедно со тешката фудбалска ситуација имаше проблеми и во приватниот живот. Почнал со ноќни излегувања, а по едно од нив завршил во затвор. Учествувал во сообраќајна незгода по која бил уапсен и поради која му била одземена возачката дозвола 20 месеци.
— OvoOno (@OvoOnoX) July 23, 2024
Две години по крајот на кариерата, тој ги изненади своите следбеници на Инстаграм со објава од новата работа. Се фотографираше на градилиште и напиша дека му се допаѓа тоа што го работи.