Од Савевски и Седло, до Пандев и Елмас: Шеснаесетте Македонци во елитата

Лигата на шампионите е пред стартот, а во елитното натпреварување оваа сезона ќе има еден фудбалер. Тоа е Ељиф Елмас, кој ќе настапува во дресот на Наполи и ќе биде наш репрезент во елитата.   

Во сегашниот формат кој се доби во 1992 по реформирањето на Купот на Европските шампиони во Лигата на шампионите, имаат настапувано вкупно петнаесет Македонци. Првиот е македонската фудбалска легенда Тони Савевски кој во Лигата на шампионите играше во далечната 1994 година.

По Савевски, настапуваа уште Седлоски, Крстев, Митрески, Стојановски, а најголема трага во Лигата на шампионите остави Горан Пандев, кој со Интер е воедно и единствен освојувач од Македонија на европското престижно фудбалско натпреварување.

  • ПЕТНАЕСЕТТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ:

Тони Савевски (АЕК, 1994/95)
Гоце Седлоски (Динамо Загреб, 1999/00)
Миле Крстев (Херенвен, 2000/01)
Игор Митрески (Спартак Москва, 2000/01, 2001/02, 2002/03)
Милан Стојаноски (Партизан, 2003/04)
Горан Пандев (Лацио 07/08, Интер 09/10, 10/11, Наполи 11/12, 12/13)
Бобан Грнчаров (АПОЕЛ, 2009/10)
Мирсад Мијадиновски (Дебрецен, 2009/10)
Александар Лазевски (Партизан, 2010/11)
Иван Тричковски (АПОЕЛ, 2011/12)
Аријан Адеми (Динамо Загреб, 2011/12, 2012/13)
Даниел Георгиевски (Стеауа, 2013/14)
Агим Ибраими (Марибор, 2014/15)
Стефан Ристовски (Спортинг, 2017/18)
Бобан Николов (Шериф, 2021/22)
Ељиф Елмас (Наполи)

Како Македонци успех во елитното натпреварување - но, под името Куп на Европски Шампиони (КЕШ) - имаат Илија Најдоски и Дарко Панчев, кои со Црвена Звезда станаа европски шампиони во 1991 година.