Од Реал се заканија: Следниот пат ќе го напуштиме теренот!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, испрати порака во јавноста и најави радикален чекор доколку повторно се случат расистички навреди кон неговиот соиграч Винисиус Жуниор.

Бразилскиот ас веќе подолг период е мета на навреди од противнички навивачи, кои често го навредуваат на расна основа, но Чуамени потенцира дека ситуацијата станува уште посериозна кога вакви сцени се случуваат и на самиот терен.

При едно гостување на подкаст, францускиот репрезентативец зборуваше за спорниот меч со Бенфика на кој Џанлука Престијани го навредувал Вини на расна основа.

„Вини на тој натпревар го нарекоа мајмун. Нашиот следен чекор ќе биде да го напуштиме теренот ако нешто такво се повтори. Нема да дозволиме тие сцени да се случуваат повторно“, изјави Чуамени.

Пораката од соблекувалната на „кралевите“ е јасна дека трпението е при крај и дека следниот ваков инцидент ќе предизвика повлекување.