ВИДЕО: Од Реал беа бесни кон судиите, најгласен беше двојниот стрелец Ѓулер!

Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вторпат загуби од Баерн Минхен (4-3). Средбата на „Алијанц Арената“ беше вистински спектакл со седум погодоци, а до 84. минута „кралевите“ беа во добра позиција за продолженија. Пресвртот беше исклучувањето на Едуардо Камавинга, пред да примат два погодоци до крајот. 

<<< - ПОВРЗАНО - На Мбапе не му се веруваше: Се „збуни“ ли Винчиќ кога го исклучи Камавинга? (ВИДЕО)

По крајот на дербито во Минхен играчите на Реал ги загубија нервите и го опколија судискиот тим на чело со Славко Винчиќ. Најгласен во мешаницата беше двојниот стрелец Арда Ѓулер кој буквално го „бркаше“ судијата до пред тунелите, па доби и црвен картон. 

Баварците продолжуваат во полуфиналната фаза и таму ќе одиграат двомеч со ПСЖ, додека во вториот пар ќе се судрат Арсенал и Атлетико Мадрид.