• Зоран Мишевски

Бруно Пресилски во петтата минута го доведе Пелистер во водство во мечот со Рудар (5-0), на 23 август 1992 година, со што стана првиот стрелец на гол во историјата на ПМФЛ.
„Тоа беше шут од дваесетина метри, не толку силен и значаен за мене, колку што беше историски„ се сеќава Бруно Пресилски на својот прв гол во Првата македонска фудбалска лига, кој воедно беше и првенец во независна Македонија, постигнат на 23 август 1992 година.
На 26 мај 2019 година се играше судиското надополнување на натпреварот Работнички - Шкупи, кога Устабаши со прекрасен гол ги замолкна малкубројните гледачи на „Тодор Проески“ и донесе победа на чаирчани со 1-2.
Овој гол е последен во досега одиграните 27 шампионати на Македонија. Но, од денес ќе се постигнуваат нови голови. Од првенецот на Пресилски, до голот на Устабаши минаа десетици илјади голови, емоции, чувства.
Време е за нови, исто така емоционални и важни како споменатите.