• Иван Димовски
Незадоволството од судиите владее и во португалскиот шампионат. Тоа го натера Порто да побара ургентен состанок со највисоките членови на фудбалскиот сојуз во Португалија.
Тимот од „Драгао“ тврди дека со неколку судиски грешки, кои во главно одеа на негова штета се „крои“ табелата во шампионатот. Порто во петокот загуби во дербито од Бенфика, па реши јавно да се огласи. На тој дуел „змејовите“ останаа со десетмина уште во 19. минута, а имаше можност да им биде покажан и уште еден црвен картон.
„По случувањето на сериозните грешки кои се повторуваат и го „кројат“ изгледот на табелата, Порто бара сослушување кај Арбитражниот суди при Фудбалскиот сојуз на Португалија по итна постапка“, стои во соопштението.
Од Порто се незадоволни и од контроверзниот пенал кој в неделата му беше доделен на Спортинг кој го победи Фарензе и го презеде врвот. Се споменуваат и други натпревари од стартот на сезоната досега, а засега нејасно е дали Порто може нешто да направи по тоа прашање.