• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одново беше стартер во својот Наполи, но не го доигра натпреварот со Сасуоло во рамки од 21. коло во италијанскиот шампионат.
Во 56. минута од средбата Елмас легна на тревникот сигнализирајќи дека му е потребна замена. Докторскиот тим пријде и му укажа помош, а тој кога стана се држеше за главата и лицето и го напушти теренот.
Во отсуство на Конте кој е суспендиран, неговиот помошни Кристијан Стелини даде охрабрувачка вест за здравствената состојба на нашиот ас.
„Елмас почувствува вртоглавица, веројатно се должеше на симптоми на грип. Не станува збор за повреда, но ќе видиме што ќе кажат утрешните прегледи“, изјави помошникот на Конте, Кристијан Стелини.
Инаку, Наполи конечно победи по трите врзани ремија, славејќи на Сасуоло од 1-0.










