ВИДЕО: Од миленик, најомразен – еве како изгледа спомен-плочата на Гризман на „Ванда Метрополитано“! 

Атлетико Мадрид со победа тргна во новата сезона на Примера, откако со 1-0 славеше над Хетафе. Иако без својата долгогодишна прва ѕвезда, Антоан Гризман, „јорганџиите“ рутински ги запишаа првите три бода на своето конто, но повторно во фокусот на вниманието беше токму францускиот ас. 

Гризман ова лето се реши да ја засили Барселона и предизвика голем револт кај фановите на Атлетико. Од миленик, стана најомразен за мадриѓани, а доказ за тоа е вчерашниот изглед на неговата спомен-плоча пред „Ванда Матрополитано“, која се користеше како корпа за отпадоци. 

Гризман беше стартер на дебито за Барселона на Примера, но не успеа да го одведе својот нов тим до победа над Атлетик Билбао.