ВИДЕО: Oд ливада крај реката Драва никна најмодерен стадион во регионот

Хрватскиот пррволигаш Осијек ќе добие нов дом, бидејќи работата е во завршната фаза на новиот стадион кој ќе го носи името „Пампас“. 

Крај реката Драва, близу до границата меѓу Србија и Хрватска ќе биде новото седиште на хрватскиот прволигаш. Стадионот кој почна да се гради во 2019 година на една ливада крај реката, сега е во завршната фаза. Надворешниот лик е веќе подготвен, останува да се финишираат детали во внатрешноста, а покрај него ќе има и помошни фудбалски терени. 

Стадионот ќе брои 13.000 седишта, што за условите на Балканот е солидна бројка. Осијек имаше проблеми со сопственикот на стадионот „Градски врт“, каде што досега играше, па се реши да изгради сопствен.