Од Лацио бесни: Поради ВАР имаме дванаесет бода помалку, шампионатот е нерегуларен!

Иако видео технологијата (ВАР) во фудбалот во Италија со нејзиното воведување требаше да донесе сведување на грешките на минимум и што помалку реакции од клубовите, во реалноста изгледа тоа и не е така. Последен клуб кој се жали од ВАР е римски Лацио, на кој според спортскиот директор Игли Таре, нанесена му е голема штета, а со самото тоа и шампионатот е нетегуларен.

Во минатото коло Лацио загуби два бода в битката за пласман во Лигата на шампионите, а според Таре нивниот тим е драстично оштетен.

„Навистина немам зборови. Не барам ниту помош, ниту отстапка, само сакам нашиот клуб да биде почитуван. Поради ВАР оваа сезона загубивме 12 бода, ете нека се и помалку, но и тоа е доволно за шампионатот да е нерегуларен. Не велам дека ќе бевме шампиони, но сигурно дека ќе водевме битка за трофејот“, изјави Таре.

Фудбалерите на Лацио моментално се наоѓаат на четвртото место, со само еден бод предност пред тимот на Интер, па до самиот крај ќе водат голема битка за место во Лигата на шампионите.