ВИДЕО: Од еден крај до друг – Баерн „везеше“ и израмни преку Горецка

Леон

Баерн Минхен се врати во игра на Суперкуп дуелот против Севиља. Тимот на Ханси Флик израмни пред паузата и ја круниса иницијативата со погодок на Леон Горецка

Акцијата која му претходеше на реализацијата тргна од одбраната на Баварците, а продолжи на десната страна. Топката потоа леташе до срцето на шеснаесетникот на шпанскиот гигант, од каде Роберт Левандовски со многу чувство додаде до својот соиграч и му овозможи одлична позиција за погодок.

  • Израмнувачкиот гол на Леон Горецка:

Баерн ја оствари целта и доби награда за подоброто издание од противникот.