Од денес и официјално започнува трансфер периодот во Премиер, Заха прв побара разделба! 

Уште од минатата сезона, клубовите од Премиер лигата одлучија летниот преоден рок да започнува порано од каде било во светот, а исто така завршува прв, односно пред една седмица од почетокот на сезоната. 

Официјално трансфер периодот во Премиер лигата започна денес напладне, а до 1 јуни клубовите ќе можат да потпишуваат само со фудбалери кои доаѓаат од англискиот шампионат, а потоа ќе можат да официјализираат новајлии од каде што сакаат. 

Судејќи по ситуациите во кои се наоѓаат неколку гиганти, сигурно нè очекува возбудливо лето. Најмногу засилување се претпоставува дека ќе пристигнат на „Олд Трафорд“, а ништо помалку и на „Емирати“, „Вајт Харт Лејн“, „Енфилд“... 

Што се однесува до фудбалерите од Премиер лигата, Вилфред Заха е првиот што веќе побарал заминување од клубот. Тој ги известил челните лица на Кристал Палас дека во иднина сака да игра во клуб со поголеми амбиции. 

Па така, веќе започнаа шпекулациите. Наводно за Заха биле заинтересирани Тотенхем, Арсенал и Борусија Дортмунд, но не се отфрла можност и за негово враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Според најавите, Кристал Палас ќе се согласи за трансфер само доколку истиот е повисок од 70 милиони фунти.