Од 100 до 750 евра за сите три меча на Црвена Звезда во ЛШ! 

Српскиот шампион Црвена Зведа и втора година по ред ќе игра во елитата на европскиот фудбал и повторно се најде во една од најтешките групи. 

Баерн Минхен, Тотенхам и Олимпијакос се тимовите кои оваа сезона ќе гостуваат на легендарната „Маракана“, а Црвена Звезда веќе ги објави цените за блок-билетите за трите домашни натпревари во Лигата на шампионите. 

Најевтините се за север и југ и чинат по 6.000 динари (околу 100 евра), основните на запад и исток се продаваат по 30.000 динари, додека најскапите, ВИП билетите, изнесуваат 90.000 динари или 750 евра. 

Прв кој гостува на „Маракана“ е Олимпијакос на први октомври, Тотенхем ќе биде пречекан на 6 ноември, додека Баерн Минхен на 26 ноември.