• Мартин Танасковски
Крег Белами, селекторот на Велс, на новинарско прашање ги коментираше импресиите од мечот со Македонија и шансите нашиот национален тим да влезе во битка за второто место во групата кое носи бараж за СП 2026.
„Не сум сигурен што може Македонија и не знам дали може да биде втора. Мислев дека ривалот ќе биде поагресивен, а ние диктиравме темпо. Белгија е на врвно ниво во оваа група. Од Македонија очекував повеќе, искрено не очекував толку да се бранат. Мислам дека бевме подобар тим, поради тоа сум разочаран, иако сум благодарен за бодот. Ако сакаме да бидеме на првите две места, моравме да победиме во Скопје. Не почувствував дека Македонија беше рамноправна.“, изјави Белами.
Со ова реми, Белами остана непоразен како селектор на Велс и по осум меча. Македонија по две кола во квалификациите за СП 2026 има четири бода, исто колку и Велс.