• Сашо Поповски
Воениот напад на Русија предизвика суспензија на фудбалскиот шампионат во Украина.
Фудбалскиот сојуз на Украина соопшти дека одлуката за прекин на натпреварувањето е донесена откако претседателот Володимир Зеленски прогласи воена состојба.
Натпреварите по зимската пауза требаше да продолжат овој викенд. Меѓутоа заради тековната ситуација во земјата тие се одложени најмалку за триесет дена. Од федерацијата не се изјаснија кога може да продолжи првенството.
Во шампионатот на Украина, за екипата на Ворскла Полтава настапува македонскиот интернационалец и репрезентативец, Ѓоко Зајков.