Очекуван потег: Рикардо Гарека повеќе не е селектор на Чиле

Аргентинскиот фудбалски стручњак, Рикардо Гарека, поднесе оставка од функцијата селектор на чилеанската репрезентација, а одлуката доаѓа после поразот од Боливија во квалификациите за Светското првенство (2-0). 

Со овој пораз Чилеанците третпат во низа го пропуштаат фудбалскиот Мундијал, нешто што претставува огромно разочарување за сите фанови во оваа јужноамериканска држава. 

Чиле гио загуби сите шанси за пласман на планетарниот собир, а наскоро се очекува наследникот на Гарека, кој ја презема репрезентацијата во јануари минатата година.