Очекуван потег: Гатузо поднесе оставка, Италија ќе добие нов селектор!

Неуспехот на италијанската репрезентација во плеј-офот за Светското првенство ги донесе очекуваните потези на раководните лица и на стручниот штаб. 

Откако оставка поднесе претседателот на Фудбалската федерација, Габриеле Гравина, денес истото го стори и селекторот Џенаро Гатузо, кој најави дека заминува од националниот тим. 

Популарниот „Рино“ не успеа да ја оствари целта и загуби на пенали од Босна и Херцеговина на натпреварот во Зеница, по што реши да се повлече и да го препушти местото на нов стратег. 

Италијанците веќе на големо шпекулираат со името на новиот селектор, а покрај неколкуте домашни имиња, во игра за жешкото столче е и славниот Пеп Гвардиола, иако за ова нема официјална информација од ниту еден извор. 

Италија третпат во низа нема да биде дел од Мундијалите, нешто што беше доживеано како огромна спортска трагедија ширум целата држава.