Очекуван потег: Данецот Томасон повеќе не е селектор на „Трите круни“

Данецот Јон Дал Томасон повеќе не е селектор на шведската репрезентација, соопштија од Фудбалската федерација на „Трите круни“. 

Томасон зарабти отказ после очајните настапи во квалификациите за Светското првенство, каде неговите избраници успеаја досега да освојат само еден бод. 

Последната „капка“ беше поразот од Косово на домашен терен (0-1), со кој Швеѓаните практично ги загубија скоро сите шанси за учество барем во плеј-офот за Мундијалот. 

Данскиот тренер беше првиот странец во историјата на Шведска, кој седел на кормилото на националниот тим. Оваа функција ја извршуваше од февруари 2024 година.