Очекувајте голови во Вадуц: Македонија со просек од 3,8 гола по натпревар против Лихтенштајн

Македонската репрезентација се очекува да има лесна задача и да запише нови три бода во квалификациите за Мундијалот.

Гостувањето кај Лихтенштајн треба да биде загревање за дуелот со Германија на домашен терен. Победа и успех во Вадуц ќе ја зголемат самодовербата кај избраниците на Благоја Милевски во пресрет на судирот со големиот фаворит.

 Македонија одиграла десет дуели со денешниот ривал. Само на еден од нив не победила, а на сите останати на убедлив начин стигнала до цел плен. Головите се загарантирани кога играме против лихтенштајнската репрезентација. Во просек нашиот национален тим постигнува по 3,8 гола по натпревар, што значи дека треба да се очекува ефикасност од „рисовите“ и вечерва.

Последното соочување донесе пет гола во мрежата на Лихтенштајн. Отвори Енис Барди, потоа Алексајдар Трајковски постигна два гола, следуваше гол на Ељиф Елмас, за на крај Илија Несторовски да стави печат со мајсторска „паненка“.

Да се надеваме дека нападот ќе функционира на денешниот меч, кој има големо значење за Македонија, која игра за да ги задржи шансите за пласман на Светското првенство наредното лето.