• Саше Љолес

Андреа Пирло повеќе не е тренер на италијанскиот второлигаш, Сампдорија, соопшти управата на клубот.
Младиот стратег седна на кормилото во јуни минатата година, но сега добива отказ поради слабите резултати на почетокот на сезоната. Сампдорија освои само еден бод после три одиграни кола, а тоа беше доволен знак да се вклучи „алармот“.
Навивачите имаа големи очекувања од Пирло, кој успеа и соодветно да го засили тимот во летниот преоден рок, но слабите изданија беа пресудни за раскинот на соработката и тренерот сега ќе бара нов клуб.
Претходно, поранешниот италијански репрезентативец ги предводеше Јувентус и Фатих Карамгурук од Турција.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.