• Горан Упале
Српскиот фудбалски стратег Милован Рајевац не е повеќе селектор на Гана, откако селекцијата забележа рана елиминација на Африканскиот куп на нации (АКН).
Одлуката за негова смена беше донесена синоќа, откако Гана групата Ц од континенталниот собир ја заврши на последната позиција со само еден бод, во конкуренција на Мароко, Габон и Коморските Острови. Гана во март ја очекува плеј-оф дуелот против Нигерија, за пласман на Светското првенство во Катар.
68-годишниот Рајевац ја водеше Гана и од 2008 до 2010 година, кога стигна до четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Африка, а неговиот втор мандат започна во септември минатата година.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк