Обложувалниците не веруваат во Ливерпул, го ставија прв фаворит за освојување на ЛЕ

Ливерпул ЛЕ

Со оглед на тоа што Ливерпул се уште не го обезбедил пласманот во нокаут фазата во Лигата на шампионите, обложувалниците извадија коефициенти кои ги покажуваат најголемите фаворити за титулата во Лига Европа.

Може да се случи бранителот на „долгоушкото“ да биде елиминиран, ако оствари лош резултат во последното коло кај Салцбург, па сега „црвените“ се прв фаворити за трофејот во второто по ранг натпреварување на стариот континент. 

Зад премиерлигашот, најголеми шанси за победа им се даваат на Севиља и Баер Леверкузен.

Затоа, Јирген Клоп и неговите фудбалери се очекува конечно да го прекинат постот и да се израдуваат во Премиер лигата. Моментално стојат на осум бода од второпласираниот Лестер Сити.

Манчестер Сити ја предводи конкуренцијата во Лигата на шампионите, пред Баерн Минхен, Барселона и ПСЖ.