Обложувалниците го кажаа своето: Бразил прв фаворит за трофејот во Катар!

Brazil

Првото Светско првенство во зимски период ќе се одржи оваа година. Домаќин ќе биде Катар на собирот кој ќе се отвори на 21 ноември и ќе заврши со финалето на 18 декември.

Познати се групите за Мундијалот, а обложувалниците ги открија квотите за најголемите фаворити за титулата која ја брани Франција. На врвот е Бразил, предводен од Нејмар, а потоа следуваат Французите, па Англичаните, Шпанците и Аргентинците со Лионел Меси.

„Кариоките“ располагаат со феноменален состав со играчи како Винисиус Јуниор, Габриел Жесус, Рафиња, Ричарлисон, Фабињо, Касемиро, Маркињос, Тиаго Силва, Дани Алвеш, Алисон, Едерсон... 

Најмали шанси им се даваат на Иран, Саудиска Арабија и Костарика.