Облак: Сега знаеме дека Македонија е моќна, но ние сме тука за да победиме

Дуелот со Македонија во Скопје од таборот на словенечката репрезентација го најави најголемата ѕвезда, голманот Јан Облак.

Чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид потенцира дека по првиот дуел против Македонија ситуацијата се сменила и сега се гледа поинаку на нашиот национален тим.

„Очекуваме добар натпревар. Дојдовме по бодови во Скопје и се надевам дека ќе го покажеме тоа на теренот. Првиот натпревар во Љубљана ни покажа дека Македонија е моќна и дека знае да игра добар фудбал. На претходниот натпревар не го покажавме она што го сакавме. Но, тука ќе играме во добра атмосфера и ќе се обидеме да го поправиме впечатокот од претходниот меч. Од дуел во дуел напредувавме и се надевам дека ќе дојдеме до полн плен во Скопје“, изјави Облак.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра в четврток, од 20:45 часот. Нашиот национален тим се уште е во игра за второто место на табелата во групата и по шест одиграни кола има осум бода. Пред нас се Австрија со 10, Словенија со 11 и Полска со 13 бода.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0