Облак се чувствува изневерен, Словенецот на излезни врати од Атлетико

Јан Облак

Продолжуваат проблемите во екипата на Атлетико Мадрид. По најавата дека Антоан Гризман ќе си замине, сега уште една ѕвезда на тимот не е задоволна од третманот на управата.

Голманот Јан Облак, кој важи за еден од најдобрите на својата позиција, чувствува дека претседателот не ги исполнил последните неколку ветувања.

Тој сака да се бори за титули, а клубот не доведува потребни засилувања за да се исполни неговата желба. Таквите разговори беа водени за време на преговорите за продолжување на неговиот договор со „јорганџиите“.

Словенецот потврди дека размислува да го напушти главниот град на Шпанија, доколку работите не се променат ова лето. Амбициите на Атлетико не се исти како неговите, што е доволна причина тој да побара трансфер.

За него се интересираат ПСЖ и Манчестер Јунајтед кои ќе треба да одвојат 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула.