Облак: Одбраната по ударот на Барди беше чист рефлекс

Леванте беше на прагот да откине бод на теренот на Атлетико Мадрид, но еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак се надмина себеси и со две одбрани по ударите на Барди, го задржа резултатот од 2-1.

Словенецот беше скромен во анализата на своите дела на „Ванда Метрополитано“. 

„Одбраната по ударот со глава на Барди е чист рефлекс. Имав среќа и одбранив. Се надевам дека постојано ќе го правам ова кога ќе затреба. Против Леванте требаше порано да го решиме натпреварот за да не се доведеме во таква ситуација.

Ни недостигаше трет погодок, па на крајот ни требаше малку среќа да се радуваме“, заврши Облак.

Атлетико Мадрид дојде на пет бода до двата лидери Барселона и Реал Мадрид, точно на половина од шампионатот.