• Мартин Танасковски
Хрватски „Германијак“ направи анализа на Динамо Загреб и ги објави платите на играчите, меѓу кои се двајцата поранешни македонски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Како што тврдат од медиумот, Аријан Адеми има 1,1 милион евра годишно според актуелниот договор, додека Стефан Ристовски има околу 730.000 евра годишно, но го чекаат преговори за нов договор и неговата заработка ќе се зголеми.
Најплатен играч на Динамо Загреб е Бруно Петковиќ кој има највисок договор на „Максимир“ и минатата сезона добиваше 1,6 милиони евра годишно, пред Марко Пјаца со околу 1,2 милиони евра годишно.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.