ВИДЕО: Објавена снимка од обидот за киднапирање на ѕвездата на Зенит среде улица!

Андреј Мостовој, фудбалерот на Зенит, за среќа избегна киднапирање што се случи на 23 октомври. Неколку напаѓачи го пресретнаа на улица и се обидоа на сила да го внесат во автомобил, но брзата реакција на неговиот пријател хокејар ја спречи целата ситуација.

Мостовој не беше повреден, а два дена по овој неуспешен обид, во Санкт Петербург се случи слично киднапирање на бизнисмен, кој беше принуден да плати откуп за да биде ослободен. Полицијата реагираше брзо и уапси четворица осомничени. Иако сè уште не е потврдено дали двата случаи се поврзани, тие имаат многу заеднички елементи. Сега, протече видео од обидот за киднапирање на фудбалерот. 

Андреј Мостовој е фудбалер на Зенит Санкт Петербург, клуб за кој игра од 2019 година. Тој постигна 39 гола на 190 настапи. Тој е четирикратен шампион на Русија и одигра 20 натпревари за руската репрезентација, постигнувајќи три гола.

Според медиумските извештаи, неговата годишна плата надминува 1,2 милиони евра. Само неколку дена по обидот за киднапирање, Мостовој играше во почетниот состав против Динамо Москва и постигна гол.