• Редакција Gol.mk

Екипата на Шкендија Арачиново освои три бода на гости кај Победа (0-1), а по крајот на натпреварот имаше немили сцени од кои се појавија видеа на социјалните мрежи.
Од соблекувалната на Шкендија, видео објави „Опен ТВ“, на кое се гледа едно лице како насилно сака да влезе во соблекувалната.
За среќа реагираше полицијата, лицето беше отстрането од пред прозорецот кој беше оштетен. Шкендија Арачиново побара санкции од ФФМ за ова однесување.

