• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија и официјално избори пласман на Светското првенство што ќе се одржи следната година. Ова ќе биде нивно трето последователно учество на најголемиот фудбалски собир, со што селекцијата го потврди континуитетот и напредокот во последните неколку години.
Според локалните медиуми, владата на Саудиска Арабија одлучила богато да ги награди фудбалерите за историскиот успех. Секој член на националниот тим ќе добие по пет милиони саудиски ријали, што изнесува околу 1,15 милиони евра по играч.
Во последните години, саудискиот шампионат се претвори во една од најбогатите и најатрактивни лиги во светот. Со ангажманот на голем број светски фудбалски ѕвезди, меѓу кои најпознат е Кристијано Роналдо, Саудијците успеаја да ја подигнат конкурентноста и глобалниот имиџ на својата лига.
Саудиска Арабија ќе биде и домаќин на Светско првенство во фудбал, тоа е во 2034 година.
