Обединетото Кралство и Ирска кандидати за ЕП 2028, еве ги стадионите!

Обединетото Кралство и Ирска официјално испратија кандидатура за Европското првенство (ЕП) во фудбал кое ќе се игра во 2028 година.

Во последниот ден од рокот за кандидатура, се поднесе листата на која има десет стадиони кои би биле домаќини на големиот фудбалски настан.

На листата се наоѓаат „Етихад“, „Сент Џејмс Парк“, „Вембли“, „Хампден парк“, „Белфаст“...

Ривал на Обединетото Кралство и Ирска во битката за ЕП 2028 е Турција. Финалната одлука ќе се донесе во септември.