Обдукцијата ги даде резултатите, позната е причината за смртта на грчкиот репрезентативец

Грчката полиција и властите во Атина објавија првични информации околу несреќниот случај во кој животот го загуби репрезентативецот и член на Панатинаикос, Џорџ Балдок. 

Играчот на „детелинките“ беше пронајден мртов покрај базенот во една луксузна вила, а првичната обдукција покажала дека смртта настапила како последица на давење. Безживотното тело на Балдок било пронајдено од сопственикот на вилата, кој веднаш повикал полиција и брза помош, но во моментот на пристигнување можеле само да констатираат смрт. 

Покрај базенот било пронајдено шише со вотка, но нема информации дали Балдок бил во алкохолизирана состојба за време на трагичниот случај. 

Балдок ја започна кариерата во Милтон Кејн Донс, а потоа играше уште за Нортемптон, Тамворт, Оксфорд Јунајтед, Шефилд Јунајтед и Панатинаикос. Од 2022 година беше репрезентативец на Грција. Џорџ Балдок имаше само 31 година.