ВИДЕО: Обамејанг потсети на старите денови, Марсеј го надигра Монпелје

Екипата на Олимпик Марсеј на домашен терен славеше триумф над Монпелје со конечни и убедливи 4-1 (2-1) во 23. коло од француската Лига 1. Домашниот состав имаше негатива, но потоа ги презеде работите во свои раце и до крајот запиша сигурен триумф пред својата публика. 

Гостите поведоа преку Ал-Тамари во петтата минута, но Марсеј возврати со силен притисок и до истекот на првите 45 минути го презема водството. Најпрво Ндиаје израмни на 1-1 во 31. минута, а водството за домаќините го донесе ветереанот Пјер Емерик Обамејанг, кој го постави резултатот на паузата (2-1). 

Габонската ѕвезда беше во супер-ритам и делуваше како вистински предводник на тимот, а тоа се потврди и во второто полувреме. Марсеј се избори за пенал, а Обамејанг без проблеми стрелаше за 3-1 во 62. минута. Делуваше дека домаќините се задоволија со овој резултат, но до крајот уште еднаш ја затресоа гостинската мрежа, по авто-голот на Сацко во 84. минута. 

Навивачите го поздравија со громогласен аплауз, а Марсеј ја запиша осмата сезонска победа и сега има 33 бода, доволни за деветтото место во Лига 1, додека Монпелје е на првото место над опасната зона со десет бодови помалку. 

Состави

Roberto De Zerbi

3-5-2

    Jean Louis Gasset

    3-5-2