ВИДЕО: Обамејанг не е доволен! Габон изненаден на стартот на КАН

Со неочекуван реми денес започна 31. издание на Африканскиот Куп на нации, кое наместо во Гвинеја Бисау, се одржува во Габон. Токму овие две репрезентации се сретнаа на мечот на отворањето во Либревил преку 40.000 гледачи видоа одлично второ полувреме и дуелот заврши со поделба на бодовите. 

Габон се мачеше во првиот дел да го најде патот до противничката мрежа, но преку својот репрезентативен ас, Пјер-Емерик Обамејанг во 53. минута поведе со 1-0.

Кога се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Жоари Суарез во судиското надополнување погоди за 1-1 и изненадувачко реми на стартот на КАН.

Вечерва се игра и вториот меч од првото коло во групата А помеѓу Камерун и Буркина Фасо.