• Мартин Танасковски

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг не е пријавен во тимот на Челзи во Лигата на шампионите, нешто што донело големо разочарување кај фудбалерот, а посебно на него влијаело начинот на кој му била соопштена информацијата.
Потер на листата ги стави новите засилувања Жоао Феликс, Енцо Фернандез и Михајло Мудрик, но го тргна Обамејанг кој за време на летниот преоден рок дојде како големо засилување од Барселона.
Англиските медиуми велат дека Обамејанг не размислувал за евентуално бришење од списокот на Лигата на шампионите. За одлуката дознал на срамен начин, пред натпреварот против Фулам и тоа не од главниот тренер на Челзи. Најпрво, играчот мислел дека се работи за шега, но потоа сфатил дека тоа е вистина.
Иако Обамејанг барал разговор со тренерот на Челзи, Потер не му ја исполнил желбата. Овој потег сигурно е дека ќе влијае на расположението на Габонецот и воедно неговата иднина во Лондон.