ВИДЕО: Обамејанг изнуди, па реализира пенал и донесе израмнување за Арсенал

Пјер

Арсенал се врати во игра уште во првиот дел од финалето на ФА Купот на „Вембли“.

Пјер Емерик Обамејанг избори најстрога казна и потоа самиот ја реализира, за да донесе 1-1 за тимот на Микел Артета. Габонецот го измами Кабаљеро и ги израдува „топџиите“.

Пеналот го направи капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета, кој подоцна се повреди и беше заменет од Андрес Кристенсен.