Обамејанг го прекина бојкотот, ќе му помага на Габон да се пласира на АКН

Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, го прекина бојкотот и пак ќе го облече дресот на националниот тим.

Селекторот на Габон го повика главниот адут за натпреварот против Бурунди, кој е закажан в сабота, а Обамејанг реши да одговори позитивно на поканата. Поради наводен конфликт со федерацијата, напаѓачот не играше одредено време за националниот тим, но сега се реши да се врати за да помогне.

Дуелот против Бурунди е од голема важност за Габон, затоа што со евентуален триумф, репрезентацијата ќе обезбеди пласман на Африканскиот Куп на Нации (АКН).

Обамејанг е меѓу најдобрите стрелци во англиската Премиер лига и оваа сезона постигна 17 гола.